ЦУК: Активни се 7, под контрола се 3 пожари
Активни се пожари во Прилеп, општина Чашка, општина Петровец, општина Штип, општина Долнени. Под контрола се ставени пожарите во општина Чучер-Сандево, општина Крушево и Делчево...

Вчера имаше вкупно 19 пожари на отворен простор во Македонија, од кои активни се 7, под контрола се 3 и изгаснати се 9, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожари во Прилеп, општина Чашка, општина Петровец, општина Штип, општина Долнени. Под контрола се ставени пожарите во општина Чучер-Сандево, општина Крушево и Делчево.
Од ЦУК информираат дека во изминатите 24 часа, изгаснати се девет пожари, и тоа во Општина Гостивар: населба Млаки, близу муслиманските гробишта (сува трева); Општина Струмица: м.в. Суфилар (сува трева и гаража); Општина Василево: с. Чанаклија – с. Нова маала (сува трева); Општина Куманово: нас. Карпош (грмушки и сува трева); Општина Ѓорче Петров: с. Никиштани (ѓубре); Општина Студеничани 1: с. Вртекица (мешана шума и сува трева); Општина Студеничани 2: с. Долно Количани (мешана шума и сува трева); Општина Кичево: с. Црвивци (ѓубре) и Општина Македонски Брод: с. Русјаци (сува трева).
