Филков: Потребни се реформи во судството
Реформите се потребни и како акти, конкретни активности, но и како менување на начинот на опсервирање и перцепција. Иницираме постигнување независност којашто ќе произлезе токму од самите судии и обвинители, тие да ги изберат членовите и да ја понесат моралната, професионална и правна одговорност во тој избор...

Судскиот совет треба да биде независно тело кое во одлуките ќе се води од индивидуалната дисциплинска одговорност на членовите на советот, посочува министерот за правда Игор Филков во интервју за весникот Вечер. Додава дека сите решенија за Судски совет се на маса и се бара најдоброто решение.
Реформите се потребни и како акти, конкретни активности, но и како менување на начинот на опсервирање и перцепција. Иницираме постигнување независност којашто ќе произлезе токму од самите судии и обвинители, тие да ги изберат членовите и да ја понесат моралната, професионална и правна одговорност во тој избор. Врз Судскиот совет не треба да влијаат предлозите од Владата, од Парламентот, од претседателот. Ние даваме простор, сега Судскиот совет, со самостојни одлуки, прво за својот состав, да ја потврди својата независност.
На прашањето, дали претседателката на Судскиот совет Весна Дамева доставила сет предлози за реформи, министерот за правда, Игор Филков одговара дека до овој момент тоа не е сторено, но дека се надева дека во периодот кој следи ќе се најде време за дијалог. Потребата за реформи е очигледна, вели Филков. Нефункционирањето на правосудниот апарат го гледаат и го чувствуваат на своја кожа и граѓаните, посебно оние што се во самиот систем, суштински и правно.
Се бараат реформи кои посебно се однесуваат на работата на Судскиот совет. Дел од овие реформи се веќе планирани и што од сето тоа ќе биде спроведено, ќе зависи од анализата на функционалноста како систем, вели Филков во интервјуто.
