Доделени наградите „8 Септември“
Македонија се подготвува за одбележување на 33 години од независноста на земјата. Денеска беа доделени наградите „8 Септември“. За првпат добитниците беа спортски работници...

Прославата на Денот на независноста почна со доделување на државните награди „8 Септември“ на спортисти за исклучителен придонес и промоција на Македонија во областа на спортот за 2024 година.
Меѓу 5 добитници на наградата „8 Септември“ има тројца борачи, еден фудбалер кој го постигна првиот гол за Македонската фудбалска репрезентација по независноста и селектор во таеквондо, тренер на освојувачот на медал од Токио, Дејан Георгиевски.
Наградените спортисти истакнаа дека им е чест да ја претставуваат Македонија на спортските терени и дека и натаму ќе продолжат да работат со новите генерации спортисти и на развој на спортот во државата.
Ирина Гелевска
