Косово
Косово затвори два гранични премини со Србија
07.09.2024 16:00
Граничните премини Брњак и Мердаре сè уште се затворени за сообраќај, откако вчера попладне претставници на неколку српски здруженија ги блокираа патиштата во близина на три гранични премини.

Деветти ден од блокадата на зградите на српските институции на северот на Косово. Граничните премини Брњак и Мердаре сè уште се затворени за сообраќај, откако вчера попладне претставници на неколку српски здруженија ги блокираа патиштата во близина на три гранични премини.
Блокадите беа организирани како одговор на одлуките на Владата на Косово за затворање на паралелните српски институции на северот на земјата.
Во околината на граничниот премин Јариње, каде исто така имаше блокади, изутринава сообраќајот се одвива нормално од двете страни на границата.
