Туризам

Голем број туристи за продолжениот викенд во Охрид

07.09.2024 16:59

На брегот на Охридското Езеро и овој продолжен викенд сè уште има гости. Официјалната статистика до јуни годинава бележи зголемување на бројот на туристи за 11,1% во однос на лани. Но. сезоната не ги исполни очекувањата на туристичките работници, велат многу туристи, но со послаба куповна моќ.

И овој продолжен викенд голем број туристи во Охрид. Ги има редовните странски гости од Холандија, Полска групите од Турција, но и од соседна Србија. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика од јануари – јуни годинава, бројот на туристите е зголемен за 11.1%, во однос на лани, но туристичките работници велат не се исполнија очекувањата, првичните анализи покажуваат огромен број гости, но со послаба куповна моќ.

„Имаше голема раздвиженост, градот беше полн се доби впечаток дека сезоната е добра меѓутоа оваа година имаме публика којашто е финансиски послаба. Таква публика во градот е потребна меѓутоа не е најпожелна затоа што таков тип на гости коишто доаѓаат нема некој голем финансиски бенефит. И можам да кажам и да оценам дека беше послаба“, вели Челик Асим туристички работник.

„Охрид имаше многу туристи, но не знам зошто имаме ние квантитет, а немаме квалитет на туристи. Знаете има доста туристи од Турција кои се организирани и кои се им е однапред предодредено и имаат каде да ручаат и да посетат, за разлика од приватните туристи кои треба да потрошат пари на повеќе места. Охрид треба да се стреми на квалитет а тоа може а се направи со регулирање на цените“, вели Зоран Ангелоски бродар.

На брегот на Охридското Езеро се користат последните денови од летото, на плажите сè уште има посетители, се ужива во топлото сончево време.

„Многу е убаво, прекрасна природа, незаборавни пејзажи, комплетно преубаво“, вели гостинка од Италија.

„Многу добро, многу убаво, затоа што времето е многу пријатно, а водата е незаборавна. Никогаш не било подобро“.

„Многу потопло од минатите викенди така што стварно е многу убаво, се надевам ќе нè служи уште вакво време“.

„Еве со книгата убаво си поминувам се капам и така се е најдобро“.

До крајот на септември на Охридскиот аеродром ќе ги има конекциите со Холандија и Полска. Владата го објави јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии, ќе има финансиска поддршка, од 12 евра по патник превезен до аеродромот Св. Апостол Павле.

 

Соња Рилковска