Бутел доби нова индустриска зона

11.07.2014 10:56

Општина бутел ќе добие и втора индустриска зона. Советот го донесен урбанистичкиот план за новата индустриска зона ,,Расадник” која ќе има површина од 17,5 хектари.    

Со  урбанистичкиот план се предвидени 95 градежни парцели чија големина се движи од 600 до 3500 метри квадратни. Планирани се  дејности како производство, дистрибуција, сервиси и комерцијални дејности. Инвеститорите ќе можат да градат објекти исклучиво од лесната и незагадувачка индустрија, сервиси,магацинии деловни објекти.

Зоната Расадник има атрактивна положба и лесен пристап, лоцирана е над скопската обиколница, во правецот од Бутел кон Радишани. Локалните власти очекуваат таа да го забрза економскиот развој, да придонесе за зголемување на вработеноста, но и да ги зголеми приходите во општинската каса.

Свето Николовски