пожари
Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во Мариово
07.09.2024 19:06
Ангелов информираше дека денеска на територијата на државата регистрирани се 13 пожари на отворено, од кои 9 од нив се активни. Ангелов посочи дека попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово ...

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше дека денеска на територијата на државата регистрирани се 13 пожари на отворено, од кои 9 од нив се активни. Ангелов посочи дека попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово, кој претходно денеска тој го посочи како најкомплициран.
Ангелов истакна дека во моментов функционален е само еден „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, додека другите два авиони на ДЗС, како и двата полициски хеликоптери се неисправни. Поголеми пожари има и во Дервен, селото Смолане, Општина Долнени и во скопско Катланово.
Пожарот кај Катланово е активен од вчера бидејќи тежок е теренот за гасење, но Ангелов вели дека нема закана и опасност да бидат загрозени куќи.
