ИН МЕМОРИАМ

По кратко боледување почина нашиот колега Ацо Велевски

07.09.2024 19:48

Во Македонската телевизија, работеше како дизајнер на светло, учествуваше во производството на играна и документарната програма, учествувајќи во сите поголеми проекти на Македонската телевизија...

По кратко боледување почина нашиот колега Ацо Велевски. Во повеќегодишниот работен век во Македонската телевизија, како дизајнер на светло, учествуваше во производството на играна и документарната програма, учествувајќи во сите поголеми проекти на Македонската телевизија.

Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Ѓорче Петров од 10 до 11 часот.