33 години самостојна и суверена држава
33 години македонскиот народ чекор по чекор ја градеше државноста, борејќи се за просперитетна и демократска земја. Имаше и многу предизвици, имаше турбулентни времиња, имаше тешки моменти, но вековниот стремеж за своја независна држава не водеше напред, не запирајќи кон борбата за слобода и независност...

Пред триесет и три години, на 8 септември 1991 година беше спроведен референдум, на кој над 95 насто од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава, во време кога останатите републики на тогашна Југославија, се соочуваа или веќе беа во војна.
По референдумот, на 17 ноември 91-та беше усвоен Уставот, а следуваше и монетарно осамостојување и воведување на денарот.
Најкритична беше 2001-та година, кога земјата се соочи со внатрешен конфликт. Следуваше потпишување на рамковниот договор. Се случи атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров, кој никогаш не беше разјаснет. Во 2004-тата загина претседателот Борис Трајковски на Ротимње, близу Мостар. Од 1990-тата досега се одржаа 7 претседателски и 11 парламентарни избори. Последните избори се случија на 24 април и на 8-ми мај годинава. Гордана Сиљановска-Давкова избрана за прва жена претседател.
Македонија ја доби 20-та по ред Влада, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е 13-тиот премиер.
Македонија на својот пат за стекнување на независноста претрпе многу удари и неправедни ситуации, но секогаш успевала да опстане и да продолжи во борбата за остварување на своите права.
Милчо Велески
