ретроспектива- Ден на независноста

Ретроспектива на македонската надворешна политика

08.09.2024 10:20

Во изминативе 33 години независност, македонската дипломатија минуваше низ турбулентни времиња, кои се и денес актуелни. Македонскиот идентитет, името и јазик беа и сè уште се постојана мета на регионалните или на интересите на големите сили по што земјава мораше да потроши добар дел од дипломатскиот потенцијал за справување со предизвиците диктирани за меѓународното етаблирање. Македонија е земја членка на НАТО, но не и на Европската унија иако ги исполни истите критериумите како и другите земји кандидати кои веќе се членки на репрезентативниот европски клуб.

По објавената независност изгласана со масовен референдум, пред Македонија се исправи предизвикот за остварување на целите на надворешната политика.

По ембаргото од јужниот сосед којшто наеднаш пледираше на името Македонија. За да биде примена во Светската меѓународна организација, Македонија во 1993, мораше да се согласи со конструкција на државното име, кое беше во меѓународна употреба 24 години.

За првпат во Њујорк, прозвучи македонскиот јазик на говорницата на Обединетите нации.

Македонската надворешна политика продолжи со средбите на највисоко ниво. Претседателот Трајковски се сретна со домаќинот Буш во Белата куќа.

Во 2004-та Вашингтон ја призна земјава според уставното име, Република Македонија како одговор на протестите предизвикани од новата територијална поделба. По една година во Брисел беше прифатена кандидатурата за членство во Европската унија. Во 2008-та, се случи и парадоксот за Македонија на Самитот на НАТО во Букурешт.

Македонскиот претседател Иванов во Кремљ доби потврда од рускиот колега за македонскиот јазик-основа на словенската азбука. И како по некое непишано правило, нови услови за Скопје. Премиерите на Македонија и на Бугарија, Заев и Борисов во пресрет на Илинден во 2017, потпишаа спогодба на добрососедство од кој поголема корист доби Софија. Сегашната влада се обидува да ја коригира одлуката на претходниците.

Во 2018-та, во преспанско Њивици Заев потпиша нов, овојпат со грчкиот колега Ципрас. Го смени името во Северна Македонија, од Брисел доби гаранции за брза траса кон Унијата, но не ги отвори преговорите поради европската рамка по францускиот предлог. Со променето име, Македонија се етаблираше во Северноатлантската алијанса, како 30-та членка на НАТО.

 

Зоран Богатинов