Сторија

Го ризикуваше сопствениот за да спаси туѓи животи

08.09.2024 09:10

На големите национални празници мора да има место и за големите херои. Токму на овој ден, еден месец по огнената стихија над село Паралаво, багеристот Пеце Јанкуловски во посета на реонот кој му донесе херојска слава, но и многу ноќни кошмари. Оние кои беа околу него велат дека тоа беше ноќ исполнета со луда храброст и божја помош...

Кога го ризикувате сопствениот за да спасите туѓи животи и имоти го добивате епитетот херој. Багеристот Пеце Јанкуловски кој со сто тонската машина едноставно ја прегази огнената стихија во атарот на селото Паралово по близу еден месец одлучи да го посети местото кој го овековечи со херојска слава но и му донесе ноќни кошмари. Тоа беше ноќ со многу предизвици. Најтешкиот момент вели Пеце, беше оној кога состојбата налагаше да се тргне централно кон пожарот.

Единствено жали за моментите на немир и неизвесност што владееја во семејството.

Она што во мракот не можеше да го види Јанкуловски го забележија доброволците. Ќе речат тоа беше мисија на луда храброст и божја помош.

И денес пеплосаниот предел говори за огнениот ужас но и за победата на храброста.

 

Стевче Митревски