празник
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски упати честитка до сите граѓани по повод 8 Септември
08.09.2024 09:30
Нека денешниот празник нè охрабри сите нас и нека претставува поттик и мотивација за секој еден да учествува и да биде дел од градењето на правната држава...

По повод денот на независноста, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија д-р Дарко Костадиновски во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани.
-Нека денешниот празник нè охрабри сите нас и нека претставува поттик и мотивација за секој еден да учествува и да биде дел од градењето на правната држава, а владеењето на правото да биде императив во постапувањето и носењето на одлуките.
Нека е честит 8 Септември, денот на независноста на Републиката!
