50 ракети биле истрелани од Либан кон северен Израел
Во текот на ноќта од Либан кон северен Израел биле истрелани 50 ракети, соопшти израелската армија. Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на сојуз на исламските земји против Тел Авив.

Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта од Либан кон северен Израел биле истрелани 50 ракети. Повеќето од проектилите биле пресретнати од противвоздушната одбрана. Јеменските бунтовници Хути пак, тврдат дека собориле уште едно американско беспилотно летало. Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на сојуз на исламските земји против Тел Авив.
„Како одговор на американско-британската агресија против нашата земја, јеменската воздушна одбрана успешно собори американски авион додека вршеше непријателски активности на небото на провинцијата Мариб. Ова е осми авион од овој тип што јеменските сили успешно го соборија“, изјави бригадниот генерал Јахја Сари, воен портпарол на Хутите.
Во Тел Авив продолжија протестите со барање за прекин на огнот во Газа и враќање на заложниците.
