САД

Блинкен упати честитка за Денот на независноста

08.09.2024 09:59

Американскиот и македонскиот народ споделуваат заеднички вредности посветени на демократијата. Со нетрпение чекаме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности...

Честитка по повод независноста на земјава упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Го цените нашето силно партнерство со Северна Македонија, фокусирано на градење просперитетна демократија зајакната со европската заедница.

Американскиот и македонскиот народ споделуваат заеднички вредности посветени на демократијата. Со нетрпение чекаме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста, како и продлабочување на екомските врски во регионот.

САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник,Ссеверна Македонија на европскиот пат и во годините што следуваат, се вели во честитката од Блинкен.