Честитка

Мицкоски: Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија

08.09.2024 13:25

Овој пат државата е на потег и неа ја враќаме на народот. Честитка до граѓаните на Македонија по повод празникот на независноста упати премиерот Христијан Мицкоски...

Честитка до граѓаните на Македонија по повод празникот на независноста упати премиерот Христијан Мицкоски. Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата кои денес се најважните проблеми против кои се бориме.

Секој атом од силите да го вложиме во градба на иднина каква заслужува секој еден човек. Овој пат државата е на потег и неа ја враќаме на народот.

Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија. Општество кое ќе одговара на реалните потреби и ќе нуди реални решенија. Да си ги зачуваме луѓето овде во нашата татковина. Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни.

Ова е нашата заедничка битка. Заедно се бориме и заедно ќе успееме, пишува премиерот Мицкоски.