Празник

Лидерот на СДСМ Венко Филипче упати честитка по повод Денот на независноста

08.09.2024 13:30

Во овие три децении, Македонија ги зајакна своите институции, ја обезбеди својата меѓународна позиција и создаде услови за економски и социјален напредок...

Честитка до македонските граѓаните по повод Денот на независноста упати и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Патот што го избравме пред три децении е потврда на нашата колективна волја за достоинство и просперитет.

Во овие три децении, Македонија ги зајакна своите институции, ја обезбеди својата меѓународна позиција и создаде услови за економски и социјален напредок. Нашата држава денес се наоѓа пред многу искушенија, кои бараат од нас да покажеме уште поголема зрелост, сплотеност и одлучност. 

Пред нас се моменти кога мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд – демократијата. Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок, пишува Филипче во честитката.