МВР

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години

08.09.2024 16:07

Полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.Ф.(33) од Тетово, кој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување за казна затвор...

Денеска во 06.25 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.Ф.(33) од Тетово, кој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување за казна затвор во траење од три години. Л.Ф. е спроведен во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.