Израел продолжува со нападите во Газа
Операциите на Израелската одбрана продолжуваат низ Газа, а најжестоките борби се водат во Кан Јунис...

Операциите на Израелската одбрана продолжуваат низ Газа, а најжестоките борби се водат во Кан Јунис. Границата меѓу Западниот Брег и Јордан беше затворена по убиството на тројца Израелци. Отворањето се очекува во текот на денот.
„Во Газа треба да ги постигнеме двете наши цели, да го уништиме Хамас и да ги вратиме нашите заложници, а ние сме на врвот на ова со сета наша сила. Паралелно со оваа тема, ние ги разгледуваме сите фронтови и тоа значи дека додека се бориме овде во Газа, ние се подготвуваме за сè што може да се случи на север“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.
Претставниците на Арапската лига одржаа итен состанок во Каиро за војната во Газа и хуманитарната криза во регионот. Во Тел Авив продолжија протестите со барање за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
