САД
Повеќе од 35.000 објекти се загрозени од пожарот источно од Лос Анџелес
09.09.2024 09:32
Издадени се наредби за евакуација и прогласена е вонредна состојба во Јужна Калифорнија. Пожарот досега проголта повеќе од седум илјади хектари...

Повеќе од 35 илјади објекти се загрозени од шумскиот пожар источно од Лос Анџелес.
Издадени се наредби за евакуација и прогласена е вонредна состојба во Јужна Калифорнија. Пожарот досега проголта повеќе од седум илјади хектари.
Повеќе од 600 пожарникари се активирани во битка со пламените јазици заедно со хеликоптери и други авиони.
