Иванов ќе ги прими уметниците кои ќе го отворaт Охридско лето
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, во Вилата Билјана, ќе ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето“ и уметниците коишто ќе настапат на свеченото отворање на фестивалот сопранистката Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи од Италија и аргентинскиот диригент Луис Горелик.

Годинешново 54-то издание на културната манифестација „Охридско лето“, која се одржува под покровителство на претседалот Иванов, ќе биде отворена во сабота на 12 јули со гала концерт посветен на Џузепе Верди, на кој ќе настапат Македонската Филхармонија, под диригентство на Луис Горелик, и сопранистката Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи.