САД и Турција го честитаа Денот на независноста на Македонија
Честитка по повод Денот на независноста упатија од американскиот Стејт департмент...

Честитка по повод Денот на независноста упатија од американскиот Стејт департмент. Го цениме нашето силно партнерство со Северна Македонија, фокусирано на градење на просперитетна демократија, закотвена во евроатлантската заедница. Во честитката се додава дека заедничко на американскиот народ и народот на Северна Македонија е „посветеноста на демократските вредности“.
По повод празникот, Обединета македонска дијаспора организираше свечено кревање на македонското и американското знаме во Њујорк и интонирање на македонската химна на Вол Стрит. Честитка пристигна и од амбасадата на Турција. Нека е честит Денот на независноста на пријателска, братска и НАТО сојузничка Северна Македонија. Одлучни сме во наредниот период уште повеќе да ја развиваме нашата соработка во сите области, објави на платформата икс, турската амбасада.
