Шпанија

Нападната српската амбасадорка во Шпанија

09.09.2024 11:11

Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац, вчера била нападната во центарот на Мадрид...

Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац, вчера била нападната во центарот на Мадрид.

Според присутните, на амбасадорката додека разговарала на телефон на српски и пришол помлад маж и ја прашал дали е од Србија, по што ја удрил со нога во грбот и побегнал.

Нападот бил пријавен во полиција. Српското МНР го осуди нападот врз амбасадорот.