САД
Трамп и Харис во „мртва трка“ кај гласачите на два месеца до изборите во САД
09.09.2024 11:14
Според анкета спроведена од „Њујорк тајмс“ и колеџот Сиена, Доналд Трамп и Камала Харис се изедначени во последните недели од изборната кампања...

Според анкета спроведена од „Њујорк тајмс“ и колеџот Сиена, Доналд Трамп и Камала Харис се изедначени во последните недели од изборната кампања.
И анкетата на Си-Би-Ес покажа слично тесна трка во клучните сојузни држави, при што Харис води тесно во Мичиген и Висконсин, а со Трамп се изедначени во Пенсилванија, каде што утре се одржува изборната дебата.
Анкетите покажуваат дека ТВ-дуелот може да биде клучен момент. Претендентите за шеф на Белата куќа ќе дискутираат за војните во светот, надворешната политика, домашната економија, миграцијата, контролата на оружјето.
