Македонија

Граничниот премин Калово меѓу Македонија и Србија вчера беше отворен до 22 часот

09.09.2024 12:11

Во текот на вчерашниот ден беше привремено отворена државната граница помеѓу Македонија и Србија на привремениот граничен премин во село Калово, кај општина Крива Паланка...

Во текот на вчерашниот ден беше привремено отворена државната граница помеѓу Македонија и Србија на привремениот граничен премин во село Калово, кај општина Крива Паланка.

Преминот беше отворен од 9 до 22 часот. За преминување на границата преку привремениот граничен премин потребно е да поседува важечка патна исправа, лична карта или пасош.