Се користи и последниот слободен ден
Дел од граѓаните го користат и последниот слободен ден од продолжениот викенд да се упатат кон соседна Србија. На Табановце помал метеж за излез од земјава. За влез во Македонија состојбата е стабилна. Поголем проток се очекува во вечерните часови...

Граѓаните го користат и последниот слободен ден од продолжениот викенд да се упатат кон соседна Србија. На граничниот премин Табановце за излез од државата е регистриран одреден метеж. За влез состојбата е сосема стабилна. Не се чека подолго од пет минути, за неопходните законски проверки. Службите очекуваат поголем метеж во вечерните часови.
Иако функционираат четири ленти за патничкиот сообраќај и дополнителни за транспортерите и автобусите, службите се подготвени да овозможат дополнителни летни, за побрз проток на граѓаните.
Дел од патниците за македонската телевизија потврдија дека се враќаат од празничниот викенд. Ги искористиле слободните денови за одмор. Странски туристи пак сè уште ги користат летните одмори. Се упатуваа кон Охрид или на плажите кај јужниот сосед.
За излез од државата поголем метеж. Утринава се чекаше малку подолго. Имаше и такви кои се предомислија па воопшто и не се упатија кон Србија. И статистиката на МВР потврдува дека значаен број лицата викендов поминале на овој граничен премин. На дневно ниво бројката за влез во државата се движи до 10.000, додека за излез е нешто помала.
„Состојбата е стабилна, непречено тече протокот на луѓе и на стоки, и застој нема“-велат од министерството за внатрешни работи.
Пријатното време сè уште останува предизвик за туристите да прошетаат надвор од своите држави, но метежот на овој премин е значајно помал.
Елена Георгиевска
