Тешка сообраќајна несреќа кај Баргала
Во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип - Плачковица, кај археолошкиот локалитет Баргала, повредени се пет лица на возраст од 18 до 20 години.
Несреќата се случила синоќа околу 22 часот кога патничко возило „голф“ управувано од 20-годишниот Б.К. од Штип од засега непознати причини излетал од патот. Во возилото биле и четири девојчиња од кои три од Штип и едно од Делчево.
Возачот и една од сопатничките се здобиле со телесни повреди, додека три сопатнички се здобиле со тешки телесни повреди, од кои две се веднаш пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.