пожари

Пожарот во Мариово под контрола, ситуацијата се следи

09.09.2024 16:15

Големиот пожар во Мариово кој 8 дена беснееше и во опасност стави села и објекти е ставен под контрола, но на теренот има екипи кои внимаваат да не се разгорат жаришта. Таква ситуација се случила ноќеска кај манастирот Прилепец. Последиците се директни и индиректни, еколошки...

По осум дена е локализиран и ставен е под контрола големиот пожар во Мариово кој беше на 150.000 до 200.000 хектари со огнена линија од 200 километри. Будно се следи ситуацијата на теренот поради разгорување на жаришта како што се случи кај манастирот Свети Никола во Прилепец.

Преку 1.200 професионалци од кои 500 од АРМ, 120 од специјалната полиција, од Дирекцијата, пожарникари, здруженија, со денови штитеа 10 до 15 села и црковни објекти.

Според Аврамоски пожарот многу се рашири во Мариово во трите дена кога немаше воздушна поддршка.

Под контрола е и пожарот кај селата Дрен и Смолани.

 

Елизабета Митреска