Македонија

Во која насока ќе се движи државата ќе зависи од новата Влада

09.09.2024 15:19

33 години-економски, политички кризи, но и успеси. Стабилен курс на денарот, безбедни граници. Во минатото земјата успеа да се задржи на стабилни нозе, но што не очекува во иднина? За утрешнината клучот е во политичарите, сметаат експертите...

Нова Влада, нов евроамбасадор. Во која насока ќе се движи државата ќе зависи од релациите со партнерските земји, но и од односите со соседите, смета аналитичарот Александар Илиев. Оценува дека светските збиднувања се шанса за регионот да ја заокружи интеграцијата во ЕУ.

Во 2020-тата земјава стана 30-та членка на НАТО.

Аналитичарот Пекевски смета дека државата потфрлила кај странските инвестиции. Наместо технолошки компании годиниве инвестирале фирми кои вработувале луѓе со понизок, наместо со повисок степен на образование. Во делот на монетарната политика, Пекевски оценува дека со драстично зголемување на цените во малопродажба, денарот ја губи својата вредност.

Изминатите 33 години независност, некому донесоа подобра, некому полоша живејачка.

Граѓаните денес очекуваат разумни политички одлуки кои земјата ќе ја насочат кон вистинскиот правец.

 

Анита Димитријевска – Велковска