Прием на Македонците од цела Србија во македонската амбасада во Белград
Во македонската амбасада во Белград по повод Денот на независноста беше одржан прием на Македонците од цела Србија.

Македонците од цела Србија, претставници на македонските здруженија и истакнати Македонци денес се собраа во македонската амбасада во Белград каде во чест на Денот на независноста прием и свое обраќање имаше амбасадорот Никола Тупанчески.
„Од десетте принципи кои беа споменати во говорот на премиерот на нашата држава, посебно би гои издвоил двата принципи кои се однесуваат на нашето единство од една страна и исто така запирање на иселувањето на граѓаните од нашата држава. Во таа насока ова се фундаментални принципи кои сериозно можат да придонесат во остварувањето на поквалитетен живот во нашата држава“, изјави Тупанчевски.
И од страна на бројната македонска заедница во Србија дојдоа со порака до матичната држава.
По повод одбележувањето на „8. Септември-Денот на независноста во Ниш од денес Здружението на граѓани на македонското национално малцинство од Нишавскиот округ „Вардар“ Ниш, ќе ја започне манифестацијата „Денови на македонската култура“.
Од одбележувањето на 8 Септември во македонската амбасада во Белград, за МТВ-Оливер Бранковиќ
