Дубровник
Големо невреме во Дубровик, градот под вода
09.09.2024 18:51
Големи количества врнежи го поплавија брегот на Лапад, каде водата навлегла во куќите, а автомобилите останале под вода. Шокантни се сцените од градот ...

Дубровник денеска го зафати силно невреме, пропратено со обилни дождови, поради што е речиси целосно покриен со вода.
Големи количества врнежи го поплавија брегот на Лапад, каде водата навлегла во куќите, а автомобилите останале под вода. Шокантни се сцените од градот – цел Дубровник е под вода, а вистински порој од вода помина низ областа Пила.
Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови за време на невремето.
