Исчезнато

Една недела исчезната Македонка во Германија

09.09.2024 21:30

Таа последен пат била видена на втори септември, а носела црна маица и црни панталони со странични џебови, и црни „Најк“ патики. Апелот е испратен од семејството кое бара какви било информации за исчезнатото лице...

Семејството на 25-годишната Наташа Соврановски испраќа апел за нејзино пронаоѓање откако седум дена не оствариле контакт. Наташа е од Македонија по потекло, а исчезнала во Германија. Таа последен пат била видена на втори септември, а носела црна маица и црни панталони со странични џебови, и црни „Најк“ патики. Апелот е испратен од семејството кое бара какви било информации за исчезнатото лице.

Во апелот кој се шири на социјалните мрежи, односно во групата Македонци во Германија, наведено е дека Наташа е висока 180 сантиметри, локацијата на исчезнувањето е Завелштајн. Таа има темнокафена коса и кафени очи а како карактеристика за препознавање е издвоено дека има тетоважа на подлактницата.

Семејството апелира доколку некој има информации за тоа каде се наоѓа да пријави на +49 1573 4580153 или директно да ја контактира германската полиција.