Намалена употреба на антибиотици кај добитокот
Антибиотиците и во ветеринарството треба да се користат само кога е неопходно и со препорака од стручни лица. Неконтролирана употреба, освен за добитокот, може да биде штетна и за луѓето кои се хранат со млекото, месото и со нивните преработки …

Исто како и кај луѓето, лекувањето на добитокот со антибиотици кога во стадото постои инфекција треба да биде контролирано.
Светската здравствена организација препорачува сточарите да ја зголемат хигиената и редовно да вршат вакцинирање со што ќе се намали потребата од користењето на антибиотици на фармата.
СЗО советува воведување и соодветни начини на исхрана, за намалување на ризикот од здравствени проблеми, особено кај младите животни.
Во последните неколку години, според статистиката, забележано е значително намалување за дури 27 проценти на користењето на овие лекови на светско ниво.
Употребата на антибиотиците и кај нас е регулирана со закон. Целта е да се заштити здравјето на потрошувачите и намали резистентноста на организмот од нивната преголема употреба кај животните и кај луѓето преку храната. Дефинирани се и условите за користењето на антибиотиците со примена на највисоките критериуми за помал ризик на бактериска отпорност.
Методија Трајков
