еу
Вархеји: Во октомври меѓувладини конференции со Србија, Албанија и можеби со Македонија
10.09.2024 08:20
Вархеји најави дека во октомври 2024 година ќе се одржат меѓувладини конференции со Србија, Албанија, и можеби Северна Македонија, со цел да се забрза процесот на пристапување на овие земји кон Европската унија...

Целта е во октомври да се одржат меѓувладини конференции со Србија, Албанија и можеби со Северна Македонија, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
На Меѓупарламентарната конференција за заедничката надворешна и безбедносна политика во Будимпешта, Вархеји додаде дека ЕУ треба да ги продолжи преговорите со Србија, а отворањето на првиот кластер за Албанија и за Македонија би се случило по исполнување на условите од Европскиот совет.
