Временска прогноза

Облачно и свежо со врнежи од дожд

10.09.2024 08:28

Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град...

Времето денеска ќе биде облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 20, а максималната од 23 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер.