воен конфликт

Лавров: Важно е да знаеме за што би разговарале

10.09.2024 08:43

Рускиот министер за надворешни работи Лавров изјави дека Москва е подготвена да разговара за можната локација за средба за решавање на украинскиот конфликт откако ќе се дознае за што ќе се разговара...

Украинскиот претседател Зеленски повика на брза акција за ветувањата дадени на состанокот со сојузниците во воздухопловната база „Рамштајн“ во Германија, минатата недела.

„Министерот за одбрана на Украина даде извештај за исходот од состанокот „Рамштајн“ и преговорите со партнерите. Сите постигнати договори мора да се спроведат што е можно побрзо. Се што е потребно во септември мора да биде доставено до нашите војници во септември“, изјави Володимир Зеленски, украински претседател.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров изјави дека Москва е подготвена да разговара за можната локација за средба за решавање на украинскиот конфликт откако ќе се дознае за што ќе се разговара.

„Не се работи за тоа каде да се сретнеме и во кој круг, туку за тоа што ќе разговараме. Териториите – проблемот е во правата на луѓето кои се погазени со закон, а кои ниту една од иницијативите што лебдат во политичкиот простор не ги спомнува“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Претходно, командантот на специјалните сили „Ахмат“ соопшти дека е запрен обидот на украинските вооружени сили да навлезат во две области во областа Курск. Украина го избра Курскиот регион за напад бидејќи се покажа како најслабата точка во одбраната на руската армија, изјави врховниот командант на вооружените сили на Украина, Сирски.