САД
Трамп и Харис денеска на прва ТВ-дебата пред изборите на 5-ти ноември
10.09.2024 08:45
Двајцата кандидати за претседател ќе дискутираат за војните во светот, надворешната политика, домашната економија, миграцијата, контролата на оружјето...

Доналд Трамп и Камала Харис денеска на прва ТВ-дебата пред изборите на 5-ти ноември. Двајцата кандидати за претседател ќе дискутираат за војните во светот, надворешната политика, домашната економија, миграцијата, контролата на оружјето.
Анкетите покажуваат дека ТВ-дуелот од 90 минути во Пенсилванија, на мрежата „АВС Њуз“ може да биде клучен момент. Претендентите за шеф на Белата куќа, Харис и Трамп се изедначени во довербата од граѓаните во последните недели од изборната кампања.
