Образование
Образовните асистенти почнуваат со работа
10.09.2024 09:05
Некои образовните асистенти денеска ќе потпишуваат договори, други ќе почнат да работат со децата со попреченост...

Образовните асистенти почнуваат со работа. Некои денеска ќе потпишуваат договори, други ќе почнат да работат со децата со попреченост. До крајот на месецов треба сите 1.115 асистенти да почнат со работа.
Новата училишна година почна без нив, бидејќи немало предвидено средства во буџетот, но од Министерство за образование велат дека од следната година системски ќе се решава проблемот.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реагираше за доцнењето на ангажманот на асистентите во училиштата и апелираше до МОН да ја почитува обврската за обезбедување на правото на образование за секое дете без дискриминација.
