Судскиот совет попладне ќе одржи седница
На дневен ред на седницата се уште две точки – одлучување по известувања на комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и формирање на комисии на известители...

Судскиот совет денеска ќе ја одржи 498-та седница на чиј дневен ред е утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија и констатирање на престанок на мандат на член на Судскиот совет поради истек на времето за кое е избран.
На дневен ред на седницата се уште две точки – одлучување по известувања на комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.
