СДСМ: Неисправните ер- трактори и полициските хеликоптери се резултат на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ
Од партијата прашуваат- повторно ли е СДСМ крив што не ги сервисирале ертракторите и хеликоптерите на време?

Два од трите ер-трактори не се исправни а во исто време и два полициски хеликоптери кои се опремени за гаснење на пожари се во дефект. СДСМ остро ја осудува оваа катастрофална ситуација која е резултат на негрижата и неспособност на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат- повторно ли е СДСМ крив што не ги сервисирале ертракторите и хеликоптерите на време?
Ова не е случаен пропуст, туку јасен показател за односот кон кризата со пожарите на ВМРО-ДПМНЕ. Изгореа преку 8% од територијата на државата а ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на лаги, манипулации и политикантство наместо сериозно да се бори со кризата и да работи, соопштуваат од СДСМ.
