Скопје

Околу 400 пензионери ќе се натпреваруваат на 28-те Републички пензионерски игри

10.09.2024 10:13

На овој масовен собир ќе присуствуваат околу 600 пензионери, а ќе се натпреваруваат околу 400 пензионери спортисти во 11 дисциплини.

Околу 400 пензионери ќе се натпреваруваат во 11 спортски дисциплини во рамките на 28-те Републички пензионерски спортски игри што се одржуваат денеска во Скопје.

Игрите ќе ги отвори министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, а се очекува да присуствува и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

На овој масовен собир ќе присуствуваат околу 600 пензионери, а ќе се натпреваруваат околу 400 пензионери спортисти во 11 дисциплини.

Пред присутните се обрати и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.