Критики во Грција- солунскиот градоначалник пред банер со уставното име?!
Поголем дел од грчките медиуми без коментари и до најмал детаљ информираат за вчерашната посета на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис на Скопје.
Сепак, еден мал дел од интернет-порталите и блоговите му забележуваат на градоначалникот затоа што одржал прес-конференција пред банер на кој пишувало “Стопанска комора на Република Македонија”.
Интернет-порталот “Зугла” пишува дека ова прашање заедно со фотографијата најпрвин било потенцирано од популарниот блог “Таксилиа” и предизвикало рекации.

„Многумина истакнаа дека кога градоначалникот на Солун се согласил да седне пред таков натпис на којшто “Скопје” се нарекува Македонија, всушност, ја прифатил “кражбата” на името Македонија”, коментира порталот нагласувајќи дека луѓето од опкружувањето на Бутарис тврделе дека тој не забележал што пишува на банерот зад него.
Со жестока критика за Бутарис се јави и неонацистичката Златна зора.
Во соопштението со наслов “ Предавство: Бутарис официјално ја призна ФИРОМ како Македонија”, неонацистите во својот препознатлив стил, со низа навреди го нападнаа Бутарис:
„Знаевме дека градоначалникот Бутарис има протурски и етнонихилистички позиции, но не за многу долго. Неодамна тој се покажа и како мизантроп и сега продолжува со де факто признавање на “Скопје” како Македонија и учествуваше на состанок на Стопанската комара на ФИРОМ, односно Стопанската комора на Македонија. Коментарите се излишни”, стои во соопштението на Златна зора.
Останува отворено прашањето со каков натпис и пред каков банер грчките националисти и неонацисти очекуваа Бутарис да седне во македонската престолнина.
Марија Котовска, постојан дописник на МРТ од Атина