,,Тошиба“ ќе гради нуклеарен реактор во Бугарија
Јапонските медиуми јавуваат дека компанијата ,,Тошиба“ добила нарачка од Бугарската Влада да изгради нуклеарен реактор за централата Козлодуј. Реакторот со моќност од 1.110 до 1.200 мегавати ќе чини околу 5 милијарди долари.
Реакторот ќе го гради американската компанија „Вестингхаус“, која е сопственост на „Тошиба“. Експлоатацијата на реакторот треба да почне во 2025 година. Во Козлудуј во моментот работат два реактора, додека четири се затворени на барање на Европската комисија.Таа го бараше тоа од Бугарија при влезот во Европска унија од безбедносни причини.

Соња Стојановска