Култура

Никола Ристановски добитник на наградата „Св. Јоаким Осоговски“ на театарскиот фестивал во Крива Паланка

10.09.2024 10:18

Актерот Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ што се доделува за придонес во македонскиот театар и култура на истоимениот театарски фестивал што традиционално се одржува во Крива Паланка.

Актерот Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ што се доделува за придонес во македонскиот театар и култура на истоимениот театарски фестивал што традиционално се одржува во Крива Паланка.

Наградата ќе му биде врачена на 16-от фестивал што ќе се одржи од 28-ми септември до 6-ти октомври во „Градот на културата за 2024“, на кој ќе учествуваат театрите од Велес, Винковци Хрватска, МНТ, Скопје, Вршац и Белград од Србија, Ќустендил, Бугарија и Драмски театар-Скопје, информираат од организацискиот одбор на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

Досегашни добитници на ова веќе престижно признание се: Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Шенка Колозова, Петар Темелковски, Страшко Милошевски, Јордан Плевнеш, Мето Јовановски, Јелена Жугиќ, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Драган Спасов – Дац, Билјана Пројковска и други.

Никола Ристановски е актер во Македонскиот народен театар во Скопје и освен на матичната сцена настапувал и на театарските сцени во Битола, Велес и Куманово, на сцените на театрите во Белград и Подгорица.