Врнежите од дожд ќе продолжат, нема опасност од излевање на реките
Иако на места обилни, поради изминатиот сушен период врнежите не предизвикаа поголемo зголемувањe на водостојот на реките низ земјава.

Изминатите 24 часа територијата на земјата беше погодена од влажен бран, при што на некои места во западните делови наврнаа и поголеми количини на дожд, Рашче 74 mm, Попова Шапка 59 mm, Маврово 40 mm, соопшти УХМР.
Иако на места обилни, поради изминатиот сушен период врнежите не предизвикаа поголемo зголемувањe на водостојот на реките низ земјава.
Во текот на денот, како за време на утрешниот ден, повторно се очекуваат врнежи од дожд, но количински помалку и со нешто помал интензитет во однос на вчерашните. Овие врнежи се очекува да гo зголемат водостојот на реките низ земјава без опасност од појава на излевање на водата од речните корита на водотеците. После долгиот сушен период ќе бидат добредојдени за природните езера во земјава, особено за Преспанското Езеро и Дојранското Езеро чиишто водостој се под минимално дозволените, а исто така и за подобрување на состојбата со вештачките акумулација и нивно извесно наполнување со вода, се наведува во соопштението.
