одбрана

Средба Мисајловски - Памер

10.09.2024 12:00

Министерот Мисајловски изрази благодарност за одлична соработка со досегашното одбранбено аташе полковник Смутек и му посака добредојде и успешна соработка на новопоставеното аташе, полковникот Тесар...

Денеска во Министерство за одбрана, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Австрија, Н. Е Мартин Памер, заменикот шеф на мисијата Матијас Хуменберге, новопоставеното и досегашното одбранбено аташе на Австрија полковник Кристијан Тесар и полковник Кристијан Смутек.

Министерот Мисајловски изрази благодарност за одлична соработка со досегашното одбранбено аташе полковник Смутек и му посака добредојде и успешна соработка на новопоставеното аташе, полковникот Тесар.

На средбата беше потврдена одличната одбранбена билатерална соработка со Австрија и можностите за нејзино унапредување во областа на логистика, справување со кризните состојби, воената обука и образование, курсеви за операции за одржување на мирот и други области.