Хеликоптерска несреќа

Министерот Јолевски изрази сочувство до семејствата на загинатите пилоти

11.07.2014 13:21

Министерот за одбрана Зоран Јолевски упати писмо со сочувство до семејствата на починатите припадници на полицијата при вчерашната хеликоптерска несреќа близу Струмица.

„Дозволете да изразам длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на полицијата, во вчерашната трагична хеликоптерска несреќа. Ова е исклучително тежок период кој ќе го пребродиме само доколку сме сите заедно, сплотени во едно“, пишува во писмото министерот кој синоќа имал телефонски разговор со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. 

Во разговорот е посочено дека Министерството за одбрана и Армијата на Република Пакедонија се целосно подготвени да ги стават своите капацитети на располагање на полициските служби и вештаци, за целосно разрешување на случајот и утврдување на причините за оваа голема несреќа.