Пациенти со бронхопневмонии ги полнат ординациите на матичните лекари
Пациенти со бронхопневмонии ги полнат ординациите на матичните лекари. Сезонските вируси и инфекции ќе поминат, но на пациентите и на лекарите им останува хроничниот проблем - немањето термини за специјалистички прегледи...

Три недели пациенти со бронхопневмонии ги полнат ординациите на матичните лекари. Доктор Ѓорѓиевски вели – некогаш е причина ковид инфекција, некогаш бактерии. Голем дел од пациентите со температура се враќаат од одмор.
Доктор Ѓорѓиевски вели – за разлика од пред некој месец сега во аптеките има терапија, но проблем е ако болните треба да се праќаат на дополнителни испитувања.
Сезонските вируси и инфекции ќе поминат, но на пациентите и на лекарите им останува хроничниот проблем - немањето термини за специјалистички прегледи, вели доктор Ѓорѓиевски.
Наташа Јанчиќ - Менковски
