Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со Дамбраускиене
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков утрово остварија средба со шефицата на дипломатската канцеларија на Република Литванија во земјава, Вилма Дамбраускиене...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков утрово остварија средба со шефицата на дипломатската канцеларија на Република Литванија во земјава, Вилма Дамбраускиене.
На средбата соговорниците ги потврдија пријателските односи и добрата билатерална соработка помеѓу двете земји.
Министерот Муртезани го поздрави отворањето на дипломатската канцеларија на Литванија во Скопје, која отвора можности и перспективи за развој и продлабочување на односите.
Дамбраускиене ја потврди цврстата поддршка на Литванија на Северна Македонија на нејзиниот евро-интегративен пат, која Литванија континуирано ја дава за земјите од Западен Балкан преку групата „Пријатели на проширувањето“, која работи на воведување на мерки за развој на економиите од регионот.
Литванија е важен партнер на Северна Македонија и сојузник во НАТО.
