Дел од образовните асистенти почнаа со работа, другите ги потпишуваат договорите
Дел од образовните асистенти за децата со попреченост од денеска почнаа со работа во основните училишта, другите ги потпишуваат договорите. Доцнењето на потпишувањето на договорите е одраз на ребалансот на Буџетот, вели министерката за образование Јаневска и најави системско решение на проблемот..

Дел од образовните асистенти почнаа со работа, другите ги потпишуваат договорите. Од МОН велат дека до крајот на неделава проблемот ќе биде надминат.
Во основното училиште „Ѓоргија Пулевски“ има образовни асистенти. Тие почнуваат со работа од среда и веќе се запознаа со децата на кои ќе им помагаат низ нивното образование.
Доцнењето на потпишувањето на договорите е одраз на ребалансот на Буџетот и на работењето на училиштето, вели министерката за образование Јаневска. Најави дека проблемот со образовните асистенти ќе се реши системски.
Предлог-измените на законите ќе бидат ставени на јавна расправа.
Поради доцнењето на потпишувањето на договорите, учебната година стартуваше без образовни асистенти. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација предупреди МОН да ја почитува обврската за обезбедување право на образование за секое дете без дискриминација.
Викторија Милевска
