МЗШВ

Трипуновски: Од денеска почнува објавување на сите сомнителни случаи од претходното раководство на Министерството

10.09.2024 14:11

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски најави дека од денеска почнува со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството...

Додека дел од земјоделците чекаат да им бидат исплатени субвенциите, две компании по овој основ добиле 785 илјади евра, констатирал Државниот инспекторат за земјоделство. Ниту го обработувале земјиштето, ниту плаќале. Добивале субвенции и по раскинувањето на договорот, обелодени министерот Трипуновски. За овие два случаи има цврсти докази, а се истражуваат уште три други, вели ресорниот министер.

Пратеникот и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, ги демантира наводите на Трипуновски. Вели министерот прво да се запознае со постапките и надлежностите на органите во неговиот состав, пред да се расфрла со празни обвинувања во обид да направи театар пред јавноста.

„Ги повикувам надлежните институции да постапат согласно сите искажани точки од денешната прес-конференција. Мојот министерски мандат е познат како еден од најтранспарентните, што се потврдува со фактот дека под моето раководство МЗШВ беше прогласено за најтранспарентна институција и една од институциите со највисок интегритет. Јас како министер ги имам дадено сите потребни задолженија на службите да работат согласно законите“, изјави Николовски.

Со ребалансот на Буџетот се обезбедени 30 милиони евра за земјоделците.

 

Александра Велинова